Ким Кардашијан сподели божиќни фотографии направени во нејзиниот дом во Калифорнија.
Пред празничната забава организирана од нејзиното семејство, 43-годишната ријалити ѕвезда позираше со своите четири деца кои ги има со поранешниот сопруг Кание Вест. Таа беше облечена во син фустан со крзно. Нејзините ќерки Норт и Чикаго исто така носеа светли комбинации додека синовите Сент и Псалм имаа црни стајлинзи.









Ким позираше и со сестра си Клои и нејзините две деца.

Претходно, таа ги покажа бројните декорации во нејзиниот дом.