Ирина Шајк балансира помеѓу работата и мајчинството. Славната Русинка беше фотографирана по тренинг во Санта Моника заедно со малата ќерка и дадилката.
31-годишниот модел мора да се одржува во топ форма, но очигледно и не сака да биде разделена од 9-месечната ќерка, па токму затоа сите заедно посетуваат часови за тонирање на телото.




По објавувањето на фотографиите, Шајк беше и критикувана за модниот избор, поточно за комбинирањето на тренерки со бели чизми со штикла.


