Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Задникот на Кети Пери неодолив за Расел Бренд и на премиера

ФОТО: Задникот на Кети Пери неодолив за Расел Бренд и на премиера

Кога ѕвездите од филмската и музичката сцена чекорат по црвениот тепих, тие знаат дека се наоѓаат точно во центарот на вниманието на сите новинари и публиката, но понекогаш решаваат дека можат да направат и по некој мал испад.

Пред неколку месеци на црвениот тепих Бред Пит ја залепи својата рака на задникот на Анџелина, а сега Расел Бренд го направи истото со неговата сопруга Кети Пери.

На премиерата на неговиот најнов филм „Артур“, 35-годишниот актер не ја сокри својата среќа што Кети е до него, па го зграпчи нејзиниот задник. Кети Пери, која моментално прави пауза од нејзината турнеја, се појави на премиерата во тоалета на Филип Армстронг и не изгледаше многу задоволна од однесувањето на нејзиниот сопруг.

Расел и Кети Расел и Кети

Сепак, тука не заврши „лудувањето“ на Расел. Неколку минути потоа, тој и неговата колешка, 65-годишната Хелен Мирен, ги почестија присутните со страсен бакнеж.

Расел и ХеленРасел Бренд и Хелен Мирен

„Сигурен сум дека Кети Пери ќе се изнервира поради ова. Ги сакам бакнежите со Хелен. Толку се еротични“ – рекол Бренд.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11446 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.