Деми Ловато го прифати предлогот за брак на Џордан Лутес, познат како Џутес.
Славните музичари се верија во интимна романтична атмосфера со многу свеќи и латици од рози.
31-годишната пејачка сподели фотографии од специјалниот момент и го покажа големиот дијамантски прстен.

„Сè уште сум без зборови. Синоќа беше најдобрата ноќ во мојот живот и не можам да поверувам дека ќе се омажам за љубовта на мојот живот. Љубов моја, превозбудена сум што ќе се омажам за тебе. Скеој ден поминат со тебе е остварување на сон и едвај чекам да те сакам и почитувам засекогаш. Те сакам бејби“ – напиша Ловато.

Деми и Џордан се запознаа во јануари 2022 година, кога заедно работеа на нејзината песна „Substance“, а започнаја да се состануваат неколку месеци подоцна.




Претходно, Деми беше верена со актерот Макс Ерик, но само два месеци по предлогот за брак, тие ја раскинаа свршувачката.
