Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Војвотката Кетрин зрачи со елеганција во сино палто во Лондон

ФОТО: Војвотката Кетрин зрачи со елеганција во сино палто во Лондон

Војвотката Кетрин со стил пристигна во Северен Лондон за да го посети Националниот центар за деца и семејства „Ана Фројд“.

35-годишната сопруга на принцот Вилијам изгледаше елегантно во сино палто до колена од колекцијата есен/зима 2016 на Eponine, кое чини 1.900 евра. Својот изглед, Кетрин го надополни со тегет салонки од Руперт Сандерсон и чанта од Стјуарт Вајцман.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

Ова е првиот работен ангажман на војвотката во новата година.

Посетата на Кејт има за цел да го сврти вниманието на јавноста кон менталните болести кај децата и да ја истакне важноста на раната интервенција и работењето заедно со целото семејство за да им се помогне на оваа ранлива група деца.

Во текот на денот, таа ќе се сретне со родители кои минуваат или веќе поминале низ третмани за да ги слушне нивните искуства.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

Кејт и Вилијам честопати се напаѓани дека не работеле доволно. Статистиките покажуваат дека во годината која измина принцот имал 188 ангажмани, додека неговата сопруга имала 140. Иако тие велат дека се посветени на нивните деца, британците ги споредуваат со Чарлс и Дијана, кои во 1985 година имале 404 и 299 ангажмани соодветно. Тогаш Вилијам бил на слична возраст како што е Џорџ во моментов.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.