Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Видно ослабената Џесика Симпсон со слатките дечиња на модно шоу

ФОТО: Видно ослабената Џесика Симпсон со слатките дечиња на модно шоу

Џесика Симпсон ја доби поддршката од најблиското семејство за време на презентирањето на својата нова колекција за „Nordstorm“.

На модниот настан во Лос Анџелес 34-годишната дизајнерка се појави заедно со сопругот Ерик и двете мали деца, Максвел и Ејс.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Во завршувањето на ревијата, Симпсон се поклони на пистата, држејќи ја во рацете двегодишната ќерка Максвел, со која подоцна позираше пред насобраните фото-репортери.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Обожавателите на Џесика имаа само комплименти за нејзиниот изглед. Повеќе од очигледно е дека таа се врати во топ форма по раѓањето на децата. Додека беше бремена и во периодот помеѓу двете бремености, Симпсон добиваше многу негативни коментари за зголемената тежина.

Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон Џесика Симпсон

Во интервју за „Access Hollywood“ Џесика призна дека не дозволува да ја допрат критиките на медиумите и дека се обидува да води поздрав живот. „По раѓањето на двете деца, се фокусирам на тоа да бидам својата најдобра верзија. И тоа во голема мера е поврзано со чучњеви, исчекори, пешачење, менување пелени и одвреме-навреме јадење на хот-дог“ – рекла таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.