Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Џорџ Клуни го претставува својот дом

ФОТО/ВИДЕО: Џорџ Клуни го претставува својот дом

Џорџ Клуни е актерот за кој моментално зборува цел Холивуд. Неодамна тој се закити со „Златен глобус“, а е и сериозен кандидат за освојување на Оскар во категоријата Најдобар актер.

50-годишниот шармер беше доволно љубезен да ги отвори вратите на својот дом во Калифорнија и да ги покани водителите Чарли Роуз и Лара Логан на прошетка низ него.

Од она што може да се види во видеото од емисијата „Person to Person“, домот на Клуни е комфорен и топол, а ѕидовите се полни со фотографии кои кријат своја приказна. Џорџ ја покажа својата кујна, фрижидерот (кој е полн само со салати и џусеви затоа што познатиот актер си ветил дека во новата година ќе се храни поздраво), дневната соба со камин, кино-собата и дворот во кој има импресивна колекција на вина.

Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом Џорџ Клуни во својот дом

Погледнете го видеото во кое Клуни зборува за својата кариера, хуманитарната дејност, пријателството и својот личен живот:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.