Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бремената девојка на Кристијано Роналдо го покажа трудничкото стомаче за Hola

ФОТО: Бремената девојка на Кристијано Роналдо го покажа трудничкото стомаче за Hola

Кристијано Роналдо неодамна потврди дека го очекува своето четврто дете. Неговата бремена девојка Џорџина Родригез сними фотосесија за Hola, а во интервјуто откри дека е фамилијарна личност и зборуваше за грижата за телото и здравјето.

Засега е објавена една фотографија, на која 23-годишната Шпанка позира во припиен црн фустан, истакнувајќи го трудничкото стомаче.

„Јас сум многу фамилијарна личност. Сакам деца, природа и животни. Сакам да се опкружувам со луѓе кои ме инспирираат да бидам подобра личност секој ден и кои имаат добра енергија“ – рекла Родригез.

Џорџија изјавила дека посветува многу внимание на себе. „Сакам да се грижам за себе со спортување и балансирана исхрана. Се обидувам да внесувам природни производи и да избегнувам тешки оброци. Не следам строго никаква диета, бидејќи и јас сакам да уживам. Што би бил животот без тие мали задоволства?“ – додала таа.

Џорџина и Роналдо

Славниот Португалец пред месец и половина стана татко на близнаци од сурогат-мајка. Роналдо има и 7-годишен син, над кого има целосно старателство, но идентитетот на неговата мајка никогаш не беше откриен.

Ова ќе биде прво заеднично дете на Џорџина и Кристијано.

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Роналдо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.