Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бред Пит за првпат на црвениот тепих по разводот со Анџелина Џоли

ФОТО: Бред Пит за првпат на црвениот тепих по разводот со Анџелина Џоли

Бред Пит и Марион Котијар присуствуваа на премиерата на својот нов заеднички филм „Allied“. Ова е првпат по разводот со Анџелина Џоли, 52-годишниот актер да зачекори на црвениот тепих на холивудски настан.

Бред Пит Бред Пит

Во Лос Анџелес, славните актери позираа заедно пред бројните фоторепортери.

Веднаш по разводот на „златната двојка на Холивуд“, започнаа да кружат гласини дека Бред и Марион имаат афера, но 40-годишната актерка ги негираше шпекулациите, откривајќи дека е бремена со второто дете со својот партнер Гијом Кане.

Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит

Вчера медиумите објавија дека Бред е ослободен од сите обвиненија за малтретирање на децата, а според него, тоа ќе му послужи како силно оружје во борбата за старателство.

Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит Бред Пит

„Allied“ е режиран од Оскаровецот Роберт Замекис. Дејството во филмот се одвива во 1942 година за време на Втората светска војна, а раскажува приказна за двајца шпиони кои се вљубуваат додека се на мисија во која треба да убијат германски амбасадор, но нивната врска е загрозена од екстремните притисоци на војната.

ТРЕЈЛЕР ЗА „ALLIED“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.