Анџелина Џоли ги разгалуваше своите три ќерки со шопинг во Лос Анџелес. Славното семејство беше видено кога излегуваше од продавници за играчки.
42-годишната актерка во лежерна комбинација чекореше покрај 11-годишната Шајло, 12-годишната Захара и 9-годишната Вивиен.
Претходно, Џоли со децата беше фотографирана во Дизниленд.
