Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Антониа Гиговска атрактивна во разголен фустан за настапот на Нова година

ФОТО: Антониа Гиговска атрактивна во разголен фустан за настапот на Нова година

Антониа Гиговска ги забавуваше гостите во хотел во Куманово за новогодишната вечер.

22-годишната пејачка настапи во разголен фустан кој ѝ го истакна телото речиси шест месеци по породувањето.

Антониа објави фотографии на Instagram заедно со порака за она што ѝ ја одбележало изминатата 2023 година.

Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска

„2023, можам да бидам само благодарна и на сè она добро, и на сè она (не толку добро) што ми се случи. Се изградив како личност, карактер, научив да живеам со луѓето кои ги сакам и ме сакаат, кои искрено ме слушаат кога сакам да им кажам нешто и кои не ме оставија кога ми беше најтешко. Баш би сакала да им кажам БЛАГОДАРАМ на оние кои што ми кажаа збогум, зошто само така научив кои се вистинските, оние коишто треба да бидат до мене, моја поддршка, мое рамо за плачење, оние што никогаш не би ме изневериле.“

„Најубавото нешто што ми се случи и ја одбележа оваа година е мојот син, мојот Киан, мојот живот.“

„Кога сме кај музика, во новава година си посакувам многу песни, многу хитови (не мора хитови, доволно е да ги сакате и пеете), многу соработки. Си посакувам да сум здрава и жива, сите околу мене да се среќни, исполнети и насмеани“ – напиша Гиговска во описот на фотографиите.

Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска Антониа Гиговска

Антониа и нејзиниот сопруг Роберт Спасенцовски станаа родители на 14 јули минатата година.

Антониа Гиговска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.