Софија Вергара сними фотосесија за Women’s Health. 45-годишната актерка позираше како од мајка родена за септемвриското издание на списанието.
На фотографиите, ѕвездата од серијата „Modern Family“ со рацете си ги покрива интимните делови од телото.


Во интервјуто за списанието, Вергара признала дека не е обожавателка на вежбањето и дека нејзините гради ја спречуваат да вежба.
„Би сакала да бидам малку повеќе атлетичарка, но кога си роден со гигантски гради... Ги имам од мојата 13 година и тие пораснаа уште повеќе кога забременив и родив дете“ – рекла таа.

„Се менуваме. Го гледам тоа кај мене. Сакам да изгледам како за мои години, но сакам да изгледам одлично. Сметам дека ако си опседнат со помислата да изгледаш помлада, ќе полудиш“ – додала Вергара.


