Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Од денес ти си моја блиска“: Теа Таировиќ имаше емотивно запознавање со Калиопи, па заедно прошетаа низ Скопје

„Од денес ти си моја блиска“: Теа Таировиќ имаше емотивно запознавање со Калиопи, па заедно прошетаа низ Скопје

Убаво „музичко“ пријателство се роди вчера во Скопје.

Теа Таировиќ се запозна со Калиопи и заедно се прошетаа низ македонската метропола. Нашата музичарка лично ја пречека српската пејачка, која го посети Скопје по повод својот голем концерт закажан за 15 ноември во Спортската сала „Борис Трајковски“.

Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи

Средбата започна во хотел во центарот на градот, каде што Калиопи со широка насмевка ѝ посака добредојде на својата помлада колешка. Теа не криеше дека чувствува мала трема поради средбата со музичката легенда.

„Душо драга... Зошто? Обично така, кога некој се држи за стомак, покажува дека личноста е многу емотивна. Од првиот момент кога те видов на сцената реков: ‘Ова е многу искрена девојка, многу интелигентна и знае што прави’. Навистина се восхитувам на секој твој момент и ти честитам на сé што си направила... Од денес, ти си моја блиска и добредојде во мојата земја, во мојот град. Сите едвај те чекаат“ – ѝ рече Калиопи.

Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи
@teat111

SKOPLJE I KALIOPI Ovo je sigurno jedan od najlepših dana u mom životu

♬ original sound - Tea Tairovic

Потоа, талентираните музичарки отидоа заедно на прошетка.

„Прекрасно чувство е средбата на оние кои се препознаваат меѓусебно... Човечноста (човештвото) не е нешто што се учи, тоа е нешто со кое се раѓаш“ – стои на едно од видеата на Калиопи на Instagram.

Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи Теа Таировиќ со Калиопи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30050 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.