Џенифер Лопез не ги прескокнува тренинзите, а нејзината фигура е доказ за тоа. Mузичката и филмска ѕвезда беше фотографирана додека се упатуваше во сала за вежбање во Мајами.
Иако е на чекор од шестата деценија од животот, таа изгледа импресивно, а тесната спортска облека го истакна тоа.











Деновиве 49-годишната Лопез се најде во медиумите со секси фотосесија за „InStyle“. „Се грижев за себе и сега тоа се покажува“ – изјави таа за популарното списание и додаде дека тајната на нејзиниот младолик изглед е тоа што не консумира алкохол и кофеин и внимава да има добар и долг сон.


