Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Филмски предлог: „Bombshell“ со Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби за падот на сексуалниот манијак Роџер Ејлс

Филмски предлог: „Bombshell“ со Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби за падот на сексуалниот манијак Роџер Ејлс

„Bombshell“ ни дозволува да се доближеме до страшните искуства на бројни жени кои биле сексуално злоставувани од медиумскиот могул Роџер Ејлс.

Биографската драма ги следи храбрите жени кои му се спротивставија и го симнаа од „тронот“ поранешниот извршен директор на „Fox News“.

Трите главни женски ликови ги толкуваат Шарлиз Терон, Никол Кидман и Марго Роби кои заслепени од амбициозноста и желбата за слава паѓаат во канџите на Ејлс.

Bombshell

Терон и Кидман ги потретираат американски новинарки Мегин Кели и Гречен Карлсон, кои го покренаа големиот скандал за сексуално вознемирување во „Fox News“, обвинувајќи го лично моќниот Ејлс, по што тој беше принуден да се повлече од својата позиција во 2016 година.

Bombshell

Ејлс постојано го наметнуваше својот став дека телевизијата е визуелен медиум и ги принудуваше своите вработени да носат кратки здолништа кои им ги отскриваат нозете.

Откако Гречен поднесе обвинение против Роџер, повеќе од 20 жени се осмелија да прозборат за нивните искуства со Ејлс.

Bombshell BombshellЛево: Шарлиз Терон како Мегин Кели, Десно: Мегин Кели BombshellЛево: Никол Кидман како Гречен Карлсон, Десно: Гречен Карлсон Bombshell

Филмот е режиран од Џеј Роуч.

Трејлер за „Bombshell“

Bombshell Bombshell

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.