Почетна » Новости » Занимливости » Ја нарекуваа „кит“, сега ја следат и тие кои ја исмеваа откако ослабе 50 килограми

Ја нарекуваа „кит“, сега ја следат и тие кои ја исмеваа откако ослабе 50 килограми

Џесика Тарнер потполно си го промени изгледот и животот, со што си ја зголеми самодовербата и си го подобри здравјето. Нејзиното фитнес патување сега е инспиративно за многумина на Instagram, а меѓу фановите ѝ се и врсници кои во минатото ја исмевале за тежината.

Младата девојка била мета на негативни коментари и навреди во тинејџерските денови. Некои ја исмевале бидејќи пребавно се качувала по скали, други ја нарекувале со погрдни зборови како кит.

За лошото искуство со врсниците, таа вели: „Ме исмејуваа. Мислев на никого дека не му сум привлечна и ме задеваа на часови затоа што бев крупната девојка. Поранешните соученици сега ме следат на Instagram, што е чудно, бидејќи претходно не ми обрнуваа такво внимание. Има и момци кои сега ми пишуваат на Instagram, а јас ги одбивам и им велам: ‘Сè уште помнам што ми направи’“.

Џесика Тарнер Џесика Тарнер

Тарнер започнала да вежба дома за време на ковид кризата, а потоа го зголемила внесот на протеини и започнала да вежба со тегови за да ја обликува атрактивната фигура. За својата трансформација, таа раскажува:

Цел живот бев „полничка“ девојка и се борев со тежината. Го мразев секој облик на вежбање, без разлика дали беше тоа тимски спорт или прошетки. Мојата самодоверба беше многу ниска и постојано посакував да можам да се погледнам во огледало и да се почувствувам убава.

Моето фитнес патување започна кога имав околу 14/15 години. Имав вишок на килограми (околу 105 кг). Во тоа време, страдав од низа различни ментални проблеми, како депресија, и како последица на тоа, се свртев кон храната како извор на утеха. Дури кога ја добив помошта што ми беше потребна и започнав терапија, сфатив дека морам да направам промена.

Џесика Тарнер Џесика Тарнер

Во првиот дел од моето фитнес патување, најмногу се потпирав на вежби дома. Бев премногу несигурна за да одам во теретана (првиот пат кога пробав, буквално избегав во соблекувалната, ги зедов работите и си отидов дома). Потоа започна карантинот.

Дури кога имав околу 16 години првпат почнав да вежбам со тегови. За време на карантинот, најмногу практикував кардио и HIIT вежби, и во тој процес изгубив многу мускулна маса. Причина за тоа беше и што не внесував доволно протеини колку што му беа потребни на моето тело. За да изградaм добра „форма“, го зголемив внесот на калории и почнав да вежбам со тегови со знаење што го стекнав преку интернет. Со доследност и дисциплина, успеав да ги достигнам моите цели на здрав и одржлив начин и конечно да се чувствувам самоуверено во себе.

Џесика Тарнер Џесика Тарнер

Со своите објави на социјалните мрежи, таа се надева да ги инспирира оние кои се во слична ситуација како што била таа, но и оние кои сакаат да направат каква и да било животна промена.

„Се надевам дека ќе едуцирам, охрабрам и инспирирам повеќе луѓе на нивното фитнес патување, за да ги постигнат своите цели на безбеден и одржлив начин“ – порачува Џесика.

Џесика Тарнер Џесика Тарнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.