Почетна » Новости » Занимливости » Филмски предлог: „Little Women“ – емотивна приказна за четири сестри која ќе ве освои

Филмски предлог: „Little Women“ – емотивна приказна за четири сестри која ќе ве освои

„Little Women“ или „Малите жени“ е извонредна приказна која ќе ве освои. За оние кои досега не го гледале, најновиот филм на Грета Гервиг е вистинскиот филмски избор за вечерва.

Little Women

Ова филмско остварување, базирано на истоимената книга од авторката Луиза Меј Алкот, го следи животот на четири сестри Џо (Џозефин), Мег (Маргарет), Бет и Ејми Марч.

„Little Women“ во суштина е приказна за растењето на интелигентни, амбициони и креативни девојки во време кога општеството постојано ги потценува, факт на кој алудира и насловот на самата книга.

Little Women

„Little Women“ беше номиниран во неколку категории за Оскар, меѓу кои и за Најдобар филм.

Улогите на сестрите ги толкуваат актерките Сирша Ронан, Флоренс Пју, Ема Вотсон и Елајза Сканлен, мајката на девојките ја глуми Лора Дерн, а во улогата на нивната тетка влегува Мерил Стрип. Главната машка улога му припаѓа на Тимоти Шаламе.

Little Women Little Women

Ова е седма филмска адаптација на литературното дело на Алкот, кое се смета за еден од најважните американски женски романи. Ликот на Џо е базиран на вистинскиот живот на писателка на книгата.

Трејлер за „Little Women“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9507 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.