Почетна » Новости » Актуелно » Мал круг, големо модно искуство – Be. со Private Pop-Up за својата заедница

Мал круг, големо модно искуство – Be. со Private Pop-Up за својата заедница

Минатата недела, модниот бренд Be. организираше ексклузивен Private Showroom Pop-Up настан, резервиран за мал број на лојални клиенти и блиски пријатели. Присутните имаа ретка можност одблиску да ги истражат новите модели, да ги пробаат парчињата и лично да ги почувствуваат текстурите и материјалите со кои Be. гради препознатлива модна естетика.

Брендот, познат по користење на deadstock материјали и лимитирани серии, уште еднаш го потврди својот фокус на квалитетна изработка и внимателен дизајн. Гостите беа импресионирани од финишот, структурата и вниманието посветено на секој детаљ.

Be. Be. Be.

Дополнителен шмек на атмосферата ѝ даде специјалниот коктел на база на Tanqueray, креиран токму за овој настан од екипата на @gemaktrade. Освежувачкиот микс, инспириран од духот на брендот, едногласно беше наречен "Be. different" – токму како што и самата модна филозофија на Be. нè учи да бидеме.

Be. Be. Be.

Со овој интимен настан, Be. испрати силна порака дека гради модна заедница која знае да препознае и вреднува автентична, бавна мода и најави уште многу вакви интимни настани.

Сите достапни парчиња на „Be.“ Можете да ги погледнете на нивната онлајн продавница: www.be.com.mk/shop или во Скопје во продажното место на Disciplina во близина на Merriott.

Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be. Be.

Фото: Марио Андоновски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27441 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.