Дениз Чакир заплива во брачните води. Турската актерка се омажи за бизнисменот Билгехан Бајкал на церемонија која се одржа во областа Саријер во Истанбул.
41-годишната телевизиска ѕвезда, која кај нас се прослави со улогата на Ферхунде во серијата „Кога лисјата паѓаат“, носеше венчаница со долги ракави и разголен грб.
Креацијата е дело на дизајнерката Гамзе Сарачоглу.








Покрај тоа што беше дел од екипата на „Кога лисјата паѓаат“, Дениз глумеше и во сериите „Ифет“ и „Величествениот“.
