Џенифер Лопез и Алекс Родригез го искористија својот престој во Сен Тропе и за уживање. Откако присуствуваа на роденденската прослава на поранешниот кошаркар Меџик Џонсон, тие се релаксираа на луксузна јахта.
50-годишната пејачка и актерка не можеше да остане незабележана додека позираше во едноделен костим за капење. Сите се едногласни дека таа изгледа фантастично за својата возраст. „Засекогаш млада“ – ѝ пишува на белиот костим.





























