Џенифер Лопез и Алекс Родригез пристигнаа на француската ривиера со стил. Славниот пар го посети Сен Тропе по повод 60-тиот роденден на поранешниот кошаркар Меџик Џонсон.
50-годишната актерка и пејачка со шик стајлинг ја истакна феноменалната фигура. Здолнишето со точкест принт од Carolina Constas Hera таа го искомбинира со кратка бела блуза која го разголи нејзиниот тониран стомак.
Лопез заедно со Алекс беа фотографирани на плажата Ники додека се упатуваа на големата роденденска забава.
Двојката позираше и со славеникот и неговата сопруга Куки.
И Семјуел Л. Џексон беше меѓу гостите на спектакуларната прослава покрај базен.
Лопез и Родригез пристигнаа во Франција со приватен авион.