Моника Белучи е гламурозна убавица за „Sorbet“.
Во најновиот едиторијал за списанието, 56-годишната филмска ѕвезда мами воздишки во прекрасни креации од врвни модни куќи.
Фотографиите ги потпишува реномираната фотографка Елен фон Унверт, а дел од нив се инспирирани од спотот на Мадона за „Material Girl“.













