Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Уф, каков роденден“: Калиопи изненадена со кошница цвеќиња на концертот на Жељко Самарџиќ за 57-миот роденден

„Уф, каков роденден“: Калиопи изненадена со кошница цвеќиња на концертот на Жељко Самарџиќ за 57-миот роденден

Калиопи имаше возбудлив роденден.

Нашата музичка дива, која вчера наполни 57 години, на Instagram раскажа дека денот го започнала со ларингитис, не очекувајќи дека неколку часа подоцна, ќе добие изненадување на концертот на Жељко Самарџиќ во Белград.

Калиопи

What a day! What a birthday!

Ова беше од оние најнеобични денови!
Започна со акутен ларингит, болница, инфузии и еден топол докторски совет:
„Нема да патувате, мора да мирувате и да бидете под терапија, и онака нема да можете да пеете неколку дена!“
Јас на инфузија, стигаат пораки од вас, од цел свет, со толку љубов во нив... И како е можно човек да не ве сака, да не прочита сѐ што сте напишале, посакале?!
И ете така јас си се "разбрав" со докторите и си тргнав на договорениот пат за Белград, кај мојот прекрасен пријател Жељко Самарџиќ на концерт, оти одамна си имавме договорено дека треба да му гостувам.
Си реков, ако не можам јас, тие ќе пеат! Зарем се остава пријател на пола пат?
Зарем се пропушта ваков момент и тоа на мојот роденден? НЕ!
И заминав , дојдов, бев, се случи!
И токму кога мислев дека крилјата ми се скршени, јас пак полетав!
Каква ноќ! Каков концерт на мојот пријател Жељко! Секоја чест на публиката, тие беа вечерва мојот глас! А сега, на спиење! Сонот е исто лек!
И повторно заспивам со чувство на благодарност...Уфффф, каков ден... КАКОВ РОДЕНДЕН!

Калиопи Калиопи Калиопи

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25627 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.