Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ума Турман е бремена со третото дете

Ума Турман е бремена со третото дете

Ума Турман повторно е бремена. 41-годишната актерка и нејзиниот партнер Арпад Бусон се подготвуваат да го пречекаат своето прво заедничко дете.

Ума Турман и Арпад БусонУма Турман и Арпад Бусон

„Таа е возбудена. Многу е среќна. Ќе се породи кон крајот на летото“ – изјавил близок на актерката за Life & Style.

Турман неодамна се појави на Њујоршката недела на модата, но никој не успеа да забележи дека под нејзината широка облека се крие мало стомаче. Со нејзиниот поранешен сопруг, Итан Хоук, Ума има две деца – 13-годишната ќерка Маја, и 10-годишниот син Левон.

Русокосата актерка започна врска со Арпад уште во 2007 година. Иако имаше период кога беа разделени, тие успеаја да си ја обноват врската.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.