Во духот на грижата за женското здравје, dm со гордост објавува дека трета година по ред организира бесплатни дерматолошки прегледи. Оваа важна активност е дел од кампањата посветена на подигнување на свеста за женското здравје, со цел обрнување внимание на важноста на редовните прегледи и заштитата на кожата.
Под слоганот ,,Го сакам сонцето, но ја сакам и мојата кожа“, овој јуни dm повторно ги повикува сите да се погрижат за своето здравје. Иако сонцето е извор на радост и енергија, важно е да се заштитиме од неговите штетни ефекти. Прегледите се клучни за навремено откривање на потенцијални проблеми и за одржување на здравата кожа. Токму затоа оваа година ќе имате шанса бесплатно да направите дерматолошки преглед на Школка во Градскиот парк во Скопје и тоа во три термина:
- Сабота, 28 јуни: 10:00 - 13:00 ч. и 17:30 – 20:30 ч.
- Недела, 29 јуни: 17:30 - 20:30 ч.

Тимот од искусни дерматовенеролози: д-р Тихомир Цветковиќ, д-р. Томица Сотировски и д-р. Гордана Лазаревска со дерматоскоп ќе ги прегледува бенките и другите неправилности на кожата за да се утврди општата состојба и типот на кожата, да се забележат пигментни промени или настанување на нови бенки кои може да бидат условени од штетното дејство за сончевите зраци.
„Минатата година, како дел од оваа иницијатива успеавме да реализираме речиси 550 прегледи, што покажува колку луѓето навистина стануваат свесни за своето здравје и ја сфаќаат сериозно превенцијата. Овие прегледи не само што нудат можност за навремено откривање на потенцијални проблеми, туку и поттикнуваат позитивен дијалог за важноста на грижата за кожата. Ние во dm сме посветени на поддршка на нашата заедница и охрабрување на сите да се грижат за своето здравје, токму затоа оваа иницијатива ни е особено важна и се надеваме на голем одзив и оваа година.“ – Изјавува Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.
Бидејќи здравите навики се учат уште од најмала возраст, за децата ќе има посебна забава и активности: дружба со кловн, игра меморија, многу подароци, а во саботана 28 јуни од 10 часот, како дел од овој настан, ќе се одржат и Детски олимписки игриво организација на ,,Мама круг“ каде секое дете кое ќе биде пријавено тука, ќе може да земе учество, да игра и да се дружи со тренерот Даниел Трбогазов.
„Според Светската здравствена организација, секоја година во светот се дијагностицираат околу 132.000 нови случаи на меланом, а 2 до 3 милиони луѓе заболуваат од други облици на рак на кожа. Во нашата земја, бројот на случаи на меланом е во пораст, при што најголем број пациенти се дијагностицираат во поодминати фази поради недоволна заштита и доцна дијагноза. Она што е уште позагрижувачко е фактот што многу пациенти доаѓаат на преглед дури кога промената на кожата е веќе во понапредната фаза. Затоа, превенцијата не треба да се потцени. Раното откривање на промените на кожата значително ги зголемува шансите за успешен третман. Не чекајте – заштитете ја кожата денес и направете преглед, за да биде здрава и утре.“ – Изјавува Спец. д-р Тихомир Цветковиќ, дерматовенеролог
Запомнете ги датумите и резервирајте го овој викенд за грижа за себе и добра забава!