Маја Андоновска-Илијевски зрачи со самодоверба и блеска каде и да се појави. Но, за жал, ни таа не е имуна на негативни коментари од интернет корисниците.
Актерката од Битола, која до неодамна ја извршуваше функцијата Директор на Центарот за култура, возврати на навредливите зборови на одредена личност за изгледот на нејзиниот нос.
Шармантната Битолчанка објави скриншот од разговорот, во кој таа личност ѝ посочува да се консултира со доктори во Турција и да си направи операција на носот.


Маја на ова возврати со порака:
„Деновиве добив навредлива порака за изгледот на мојот нос. Јас не сум од оние луѓе кои не се свесни за тоа кои се, како изгледаат и многу одамна сум расчистила со себе и сум си ги прифатила сите свои маани. Но, овој пат нема да молчам и ќе зборувам гласно за сите кои некогаш се почувствувале помалку вредни поради навреда за нивниот изглед. И не, мојот нос не е проблем. Проблем се луѓето кои сметаат дека е нормално да испраќаат такви пораки. Не се раѓаме да сме совршени, се раѓаме да бидеме свои и баш во тоа е целата убавина“ – вели Маја во видеото.
Погледнете ја и нејзината порака:
Совршено тело?
Совршено лице?
Совршена илузија.
Не сакам да бидам совршена по туѓа мерка.
Јас сум доволна – баш вака.
Jас сум реална, искрена и своја. И многу горда на тоа.
Совршенството е прескапо, а јас не плаќам со самодоверба.
Зборувам гласно - Не дозволувајте туѓите зборови да ја дефинираат вашата вредност.
Не се раѓаме за да бидеме совршени по туѓи стандарди .
Се раѓаме да бидеме свои.





