Џулија Робертс плени со шарм и харизма каде и да се појави. 55-годишната актерка со едноставна елеганција привлекуваше погледи на најновата ревија на Гучи во Милано.
Ѕвездата од филмот „Pretty Woman“ со широка насмевка позираше пред фоторепортерите и докажа дека не ѝ треба гламурозна тоалета за да остави впечаток. Таа носеше невообичаен стилски костум со кратки панталони.
Нејзиниот стајлинг бил создаден во соработка со новиот дизајнер на Гучи, Сабато де Сарно.













Робертс честопати избира костуми и за поголеми холивудски свечености каде се закитувала со награди.

