Бурак Озчивит е среќен што најубавите моменти може да ги прославува со најблиските.
Турскиот шармер, познат по повеќе улоги во турските серии, на вечера со сопругата Фахрие и двете синчиња го одбележа својот 39-ти роденден.
Фахрие, која сигурно ја паметите од серијата „Кога лисјата паѓаат“, сподели фотографии од малата прослава.

„Среќен роденден љубов моја“ – напиша турската актерка во описот на фотографија со саканиот.


Фахрие и Бурак стапија во брак во 2017 година. Нивниот син Каран се роди во април 2019 година, додека синот Керем дојде на овој свет во јануари годинава.
Неодамна, згодниот пар присуствуваше на доделување на награди во Истанбул.
