Мерјем Узерли беше меѓу бројните филмски ѕвезди кои присуствуваа на отворањето на Меѓународниот филмски фестивал „Red Sea“.
На манифестацијата во Џеда, Саудиска Арабија, турската актерка привлекуваше погледи во црвена креација од брендот Nour Fathallah.
40-годишната глумица кај нас е најпозната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“.





На отворањето беше прикажан саудискиот романтичен филм „HWJN“, а Мерјем седеше покрај својот колега Бурак Озчивит, кој го глумеше Бали Бег во „Величествениот“.









Фестивалот започна вчера и ќе трае до 9 декември.