Мерјем Узерли не остана незабележана на галата Time 100 во Дубаи.
На свеченоста во „Музејот на иднината“ во Дубаи, 39-годишната турска актерка пристигна во впечатлива креација со наметка.
Фустанот е дело на модната куќа Zuhra.
Мерјем кај нас е најпозната по улогата на Хурем Султан од серијата „Величествениот“.








Узерли се обиде да го искористи овој настан за да ја подигне свеста за сериозноста на последиците од земјотресите во Турција.
„Благодарам што ми дадовте можност да ја подигнам свеста за земјотресот во Турција, да помогнам во собирањето донации и да водам инспиративни разговори за тоа како ние можеме заедно да го направиме светот подобро место за живеење“ - напиша Мерјем.