Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Три генерации актерки: Дакота Џонсон со мајка си Мелани Грифит и баба си Типи Хедрен за „Vanity Fair“

Три генерации актерки: Дакота Џонсон со мајка си Мелани Грифит и баба си Типи Хедрен за „Vanity Fair“

Мелани Грифит сподели гламурозна фотографија на која позира со мајка си Типи Хедрен и ќерка си Дакота Џонсон, а која прикажува три генерации актерки.

На неа, 27-годишната Џонсон, 59-годишната Грифит и 86-годишната Хедрен позираат во елегантни креации за списанието „Vanity Fair“. „Дакота, мама и јас. Три генерации актерки“ – напиша таа на Instagram.

Дакота Џонсон, Мелани Грифит и Типи Хедрен

За фотосесијата била задолжена Колина Рентместер.

Според списанието, ова е прв официјален портрет на трите актерки. „Трите генерации ме натераа да помислам на мама, која е родена во 30-тите години, на мене, родена во 50-тите, и на Дакота, родена во 80-тите години. Прогресијата на животот е навистина прекрасна“ – изјавила Мелани во интервјуто.

На прашањето дали би работеле заедно, Мелани одговорила: „Би можеле сите да го играме целосниот живот на една жена“.

Видео од снимањето на фотосесијата:

Грифит претходно има споделено неколку фотографии на кои е заедно со Дакота и Типи.

A photo posted by MELANIE (@melanie_griffith57) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.