Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Топ 10 музичари со најголема заработувачка за 2010-та

Топ 10 музичари со најголема заработувачка за 2010-та

Легендарните U2 се групата којашто заработила најмногу пари меѓу музичарите во периодот од јуни 2009 до јуни 2010 година. Во рок од една година тие се збогатиле со 131 милиони долари и со тоа се најдоа на првото место на листата на музичари со најголема заработувачка составена од Форбс.

U2Легендарните U2 се на врвот на листата на музичари со најголема заработка.

Со заработени 114 милиони долари зад нив се најде рок бендот AC/DC. Бијонсе е најплатената музичарка со заработка од 87 милиони долари и воедно на третото место на листата, а Брус Спрингстин со 70 милиони е на четвртото место.

Топ 10 музичари со најголема заработувачка

  1. U2 — 131 мил. долари
  2. AC/DC — 114 мил. долари
  3. Бијонсе — 87 мил. долари
  4. Брус Спрингстин — 70 мил. долари
  5. Бритни Спирс — 64 мил. долари
  6. Џеј-Зи — 63 мил. долари
  7. Лејди Гага — 62 мил. долари
  8. Мадона — 58 мил. долари
  9. Кени Чесни — 50 мил. долари
  10. Black Eyed Peas, Тоби Кејт и Coldplay — секој по 48 милиони долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11077 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.