Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тони Зен сподели фотографии од синот Јасен и ја објави првата песна од новиот албум

Тони Зен сподели фотографии од синот Јасен и ја објави првата песна од новиот албум

Тони Зен се враќа на сцената со нов албум.

Популарниот музичар денес ги сподели првите фотографии од малото синче и ја објави првата песна од новиот албум насловен „Од изворот на изборот“.

Синот на Тони Зен Синот на Тони Зен Синот на Тони Зен Синот на Тони Зен Синот на Тони Зен Синот на Тони Зен Синот на Тони Зен

Тони Зен минатиот месец откри дека неодамна тајно се ожени и стана татко. Неговата сопруга се вика Валентина Јованова и е од Гевгелија. Бебенцето го доби името Јасен.

они Зен

„Од изворот на изборот“ е шести соло албум на Тони Зен.

„Албумот има 8 песни, сите јас ги напишав, а музиката ја создававме заедно со Кирил Бабамов (гитара) и Ратко Даутовски (перкусии), потоа се приклучија и останатите музичари со своите инструменти и мелодиски линии, бас гитара свири Мартин Јосифовски, саксофон и флејта - Борислав Веселинов, клавијатури - Борче Кузмановски и Бојан Филиповски, Александар Пешевски Сале - усна хармоника и пратечки вокали - Весна Малинова Бабамова и Бојан Филиповски“ – вели Тони.

Албумот е акустичен и мирен со цел да се задржи природната фреквенција. Сите песни се инспирирани од неговите лични искуства во изминативе пет години.

„Музиката на албумот е посветена на вистината, љубовта, просветлението, повеќето текстови се напишани како последица од духовните практики и искуства, стекнати во Институтот за хармоничен развој на човекот. Спознавањето КОЈ СУМ ЈАС, средбите со мајсторот, сјаењето и созревањето низ духовната патека, се апсолутната инспирација за создавањето на овој албум. Целта ми е сите да спознаат КОЈ се, и да превземат одговорност за сопственото постоење. Насловот „Од изворот на изборот“ е стекнување свесност, за тоа дека ЈАС СУМ, односно секој е одговорен за сопствените искуства, одлуки и избори во животот. Чистината на душата е изворот, а изборот е дејствување од чистината“ – објаснува познатиот хип-хоп артист.

Слушнете ја неговата најнова песна „Коан“:

они Зен они Зен они Зен они Зен

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.