Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Том Хенкс сподели фотографија од изолацијата со сопругата Рита Вилсон откако беше потврдено дека имаат коронавирус

Том Хенкс сподели фотографија од изолацијата со сопругата Рита Вилсон откако беше потврдено дека имаат коронавирус

Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон споделија селфи фотографија, направена од изолацијата откако беше потврдено дека и двајцата имаат коронавирус.

63-годишниот актер и 63-годишната актерка ги уверија фановите дека се добро и испратија порака дека секој од нас треба да се грижи за сопственото здравје и за здравјето на другите. Том цитираше и реплика од неговиот филм за бејзболот „A League of Their Own“.

Том Хенкс и Рита Вилсон

Здраво народе. Со Рита Вилсон сакаме да им се заблагодариме на сите тука што толку добро се грижат за нас. Имаме КОВИД-19 и сме во изолација за да не го пренесеме на никој друг. Постојат луѓе кај кои може да доведе до многу сериозна болест. Живееме од ден за ден. Постојат нешта кои сите можеме да ги правиме за да се справиме со ова, следејќи ги советите на експертите и грижејќи се за себе и за другите, не?

Запомни, и покрај сите моментални настани, нема плачење во бејзболот.

Хенкс

Вчера, познатиот холивудски актер објави дека со Рита се заразија со коронавирус за време на нивниот престој во Австралија.

Том Хенкс и Рита Вилсон

Здраво луѓе. Јас и Рита сме во Австралија. Се почувствувавме малку уморни, како да имаме настинка и болки во телото. Рита чувствуваше треска одвреме навреме. Малку покачена температура. За да ја направиме правилната работа, како што е потребно во светот сега, се тестиравме за коронавирус и позитивни сме.

Па сега, што да правиме следно? Одговорните медицински лица имаат протоколи кои мора да ги следиме. Ние ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани во период којшто е потребен за безбедноста и јавното здравје.

Ќе ве известуваме.

Грижете се за себеси!
Хенкс!

Том и Рита престојуваат во Австралија за снимањето на неговиот филм за Елвис Присли, кое сега е одложено.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11657 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.