Наум Петрески ја препеа легендарната „Ако умрам ил загинам“ во име на вечното пријателство со Андреј од ДНК.
Македонскиот пејач емотивно го отпеа хитот на Јонче Христовски, а во спотот се редат негови фотографии со прерано починатиот Андреј, кој животот го загуби спасувајќи деца во пожарот во Кочани.
„Видеото содржи фотографии од дружбите на двајцата уметници и е посветено токму на споменот за Андреј – како музичар, пријател и човек“ – стои во соопштението од проектот „Македонијо, во срце те носиме“.
Видео
Петрески пред два месеца се отвори за болката по смртта на Андреј. „Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав. Не беше корпулентен, висок, меѓутоа имаше лавовско срце и не се повлекуваше пред никого и немаше страв од никого. Толку бевме блиски што ме викаше тате. Како син си го сакав. Какви планови имавме, многу работи да правиме заедно“ – рече тој во интервју за Backstage.

