Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ти си моја чоколада“: Новак и Јелена Ѓоковиќ запеаја заедно

„Ти си моја чоколада“: Новак и Јелена Ѓоковиќ запеаја заедно

Новак Ѓоковиќ уште еднаш се покажа како добар шоумен. Српскиот тенисер во многу наврати не се воздржува да запее на огромна радост на неговите фанови, а овој пат во настапот му се придружи сопругата Јелена.

Славниот пар проследи театарска претстава во Белград, заедно со донатори во Фондацијата Новак Ѓоковиќ, пријатели и роднини. По завршувањето на претставата „Брод плови“, публиката ги повика Јелена и Новак да запеат на сцената.

„Ти си моја чоколада. Ја сам твоја чоколада...“ - пееја тие и весело танцуваа на хитот од Идоли.

Видеото го објави Јелена, која напиша и дека на Ноле добро му дошла подготовката на Санремо, а дека таа едноставно нема оправдување.

Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.