Адел беше последната гостинка во „Carpool Karaoke“ на Џејмс Корден.
34-годишната пејачка, која во изминатите неколку години ослабе повеќе од 40 килограми, изгледаше одлично во мантил. Таа пееше и разговараше со 44-годишниот водител и призна дека тој многу ѝ помогнал по разводот од бившиот сопруг.
Адел и Џејмс со насолзени очи зборуваа за периодот по нејзината разделба од Сајмон Конеки со кого го има синот Анџело. Всушност, стих од нејзината песна „I Drink Wine“ бил инспириран од разговор со Џејмс.
„Стихот беше инспириран од разговор кој го имавме со тебе кога бевме заедно на одмор со децата... Една година претходно го напуштив Сајмон, а ти, Џулс и децата бевте интегрален дел во грижата за мене и Анџело“ – низ солзи рече таа.
