Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тејлор Свифт сподели дека мајка ѝ по вторпат се бори со рак и лекции кои ги научила пред 30-тиот роденден

Тејлор Свифт сподели дека мајка ѝ по вторпат се бори со рак и лекции кои ги научила пред 30-тиот роденден

Тејлор Свифт напиша есеј за списанието „Elle“ во кој сподели лекции кои ги научила досега.

Во текстот „30 нешта кои ги научив пред да наполнам 30“, популарната музичарка открива дека и двајцата нејзини родители се имаат соочено со рак, дека мајка ѝ по вторпат се бори со болеста и дека има огромен страв од крвав напад на нејзин концерт.

Тејлор Свифт

Прочитајте извадоци:

Морав да научам како да се справувам со сериозна болест во моето семејство. И двајцата мои родители имаа рак, а мајка ми сега повторно се бори со таа болест. Тоа ме научи дека на една страна има вистински проблеми, а на друга – сè останато. Ракот на мајка ми е вистински проблем. Порано бев многу анксиозна за секојдневните успеси и падови. Сега сите мои грижи, стресови и молитви се насочени кон вистинските проблеми.

Тејлор Свифт

Имај цврст карактер, верувај им на инстинктите и знај кога да возвратиш. Биди како змија – касај само ако некој згазне на тебе.

Научив да престанам да го мразам секој грам масти на моето тело. Работев напорно да го истренирам мозокот да мисли дека малку екстра тежина значи облини, посјајна коса и повеќе енергија. Сметам дека многу од нас претеруваат со држењето диети, а одењето предалеку, може да биде навистина опасно. Нема брзо решение. Јас секој ден работам на прифаќање на моето тело.

Тејлор Свифт Тејлор Свифт

Научив дека општеството константно испраќа кон жените многу гласни пораки кои ги прикажуваат физичките знаци на стареењето како да се најлошото нешто што може да ни се случи. Овие пораки им кажуваат на жените дека не им е дозволено да стареат. Тоа е невозможен стандард.

Мојот најголем страв. По бомбардирањето во Манчестер и вооружениот напад на концертот во Лас Вегас, бев преплашена да одам на турнеја, затоа што не знаев како ќе успееме да ги зачуваме безбедни 3 милиони фанови во период од 7 месеци. Стравот од насилство се пренесе и во мојот личен живот. Носам завој QuikClot, кој е за прострелни рани и убоди од нож. Вебсајтовите и таблоидите ги објавуваат онлајн сите мои домашни адреси.

Добиваш многу манијаци кои пробиваат во твојот дом и на одреден начин почнуваш да се подготвуваш за лоши работи. Секој ден се обидувам да се потсетам на доброто во светот, на љубовта на која сум била сведок и вербата која ја имам во човештвото. Морам да живеам смело за навистина да се чувствувам жива, а тоа значи да не бидеш воден од најголемите стравови.

Тејлор Свифт

Научив дека текстурата на косата може потполно да се промени. Од раѓање имав многу виткана коса, а сега е права. Во основно училиште секој ден посакував права коса. Но, додека се трудев да ги засакам моите локни, тие ме напуштија. Молете се за нивното безбедно враќање.

Во случаите на сексуален напад, им верувам на жртвите. Кажувањето на вистината е агонизирачко. Знам затоа што моето судење за сексуален напад беше ужасно искуство. Им верувам на жртвите затоа што знам од прва рака за срамот и стигмата кои доаѓаат со кревањето на раката и велењето „Ова ми се случи мене“. Проговоруваме затоа што мораме и од страв дека ако не го направиме тоа, може да му се случи и на некој друг.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.