Тејлор Свифт шармираше на премиерата на нејзиниот филм за концертната турнеја „Eras“.
33-годишната пејачка избра 2.200 свои фанови први да го проследат филмот на големото платно. Во шопинг центарот „The Grove“ во Лос Анџелес, таа позираше во сина бајковита креација од Оскар де ла Рента која чини 12 илјади долари, а потоа се појави во една од 14-те распродадени сали за проекција.










Бијонсе ја поддржа успешната музичарка и позираше заедно со неа на црвениот тепих.







Трејлер за филмот: