Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Телото пронајдено! 33-годишната Наја Ривера се удави откако најверојатно го спаси малиот син

Телото пронајдено! 33-годишната Наја Ривера се удави откако најверојатно го спаси малиот син

Трагичната смрт на Наја Ривера беше потврдена од полицијата. По неколкудневна потрага, одговорните службеници се уверени дека мртвото тело кое го пронајдоа во езерото Пиру е на ѕвездата од серијата „Glee“.

Ривера имаше 33 години.

Наја Ривера

Пред една недела, Ривера изнајми бротче со цел да помине релаксиран ден со 4-годишниот син Џоузи на езеро. Но, нивната авантура се претвори во кошмар. Неколку часа откако отпловија во езерските води, малото детенце беше пронајдено заспано на бротчето, без неговата мајка.

Наја Ривера

Шерифот задолжен за истрагата соопшти дека врз база на разговор со Џоузи, се смета дека нивното бротче навлегло во силни струи и актерката со последните сили го спасила детенцето.

Наводно, Наја и Џоузи влегле во водата за да пливаат. Таа успеала да го турне на бротчето за да го спаси, но кога тој се свртил назад, таа исчезнала под површината.

Наја Ривера

Најблиското семејство и пријатели и колеги на Наја беа фотографирани на брегот држејќи се за раце за да ѝ оддадат почит.

Наја Ривера Наја Ривера

Меѓу ужалените кои го посетија езерото деновиве беше и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Дорси, кој е и татко на Џоузи.

Наја Ривера Наја Ривера Наја Ривера Наја Ривера

Наја влезе во шоу-бизнисот уште од мали нозе, а светска слава стекна со серијата „Glee“.

Наја Ривера

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11118 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.