Изминатиов викенд, Марк Антони и Надја Фереира го крстија синот во Митрополитската катедрала „Успение Богородично“ во градот Мексико.
24-годишната мисица објави фотографии од религиозниот обред со кој нивното дете стана христијанин. Надја позираше покрај 55-годишниот пејач и кумовите на бебето.
„Да гледам како се прероди во христијанин во нашите раце, со кумовите Мале и Карлос во Катедралата беше еден од највозбудливите моменти во мојот живот. Твоето име е испишано во рајот, љубов моја... Сине Божји“ – напиша убавата Парагвајка.


И мајката на Надја објави неколку фотографии.





Марк и Надја се верија на 13 мај минатата година, а стапија во брак на крајот од јануари годинава. Во јуни, на Денот на таткото, парот објави дека го доби првото заедничко дете. Ова е седмо дете на Марк.

