Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Татина миленичка: Дејвид Бекам и ќеркичката Харпер распеани на концерт на Хари Стајлс

Татина миленичка: Дејвид Бекам и ќеркичката Харпер распеани на концерт на Хари Стајлс

Дејвид Бекам е навистина посветен татко. Тој постојано ја разгалува ќеркичка Харпер и негува многу блисок пријателски однос со неа.

Дуото татко-ќерка се забавуваше на концертот на Хари Стајлс во Лондон.

На трибините на стадионот Вембли, 48-годишниот поранешен фудбалер и 11-годишното девојче пееја и уживаа во музиката на Стајлс.

Бекам Бекам

Бекам објави видео со Харпер во кое ја пеат песната „Late Night Talking“.

Иако многумина го искоментираа нивниот бакнеж на крајот од видеото, на интернет преовладуваа позитивните коментари за славниот спортист.

„Ми се допадна бакнежот на крајот, тие имаат прекрасна врска татко-ќерка“, „Ако Бекам не е татко на годината, тогаш нешто не е во ред“, „Тој дури и носи розови женски аксесоари и го помни текстот на песните“ и „Ова се прекрасни моменти, уживај со твоето девојче колку што можеш“ – се дел од позитивните коментари на нивното видео.

Бекам Бекам Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25599 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.