Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Тамара Тодевска избрана за Најдобар интернационален артист на фестивалот „Кенга Маџик“ во Албанија

Тамара Тодевска избрана за Најдобар интернационален артист на фестивалот „Кенга Маџик“ во Албанија

Тамара Тодевска за песната „Monsters" беше прогласена за Најдобар интернационален артист на музичкиот фестивал „Кенга Маџик“ во Тирана, Албанија.

„Многу сум среќна што сум тука. Благодарам за поканата. Сакам да кажам дека наградата е за моето семејство и за мојот сопруг и за сите кои ме сакаат и за мојата Македонија“ – изјави Тамара при примањето на наградата која ѝ беше врачена од албанската претставничка на Евровизија 2020.

Тамара Тамара

Тамара двапати ја изведе „Monsters" на големата сцена. За време на првото претставување, 34-годишната ѕвезда го задржуваше вниманието во црвен фустан со драматични ракави и накит од колекцијата R-Zero на Rebecca. Погледнете го првиот настап:

ВИДЕО

За вториот настап, таа беше облечена во црн долг фустан и накит од колекцијата Lion Queen на Rebecca.

„Monsters" е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.

Деновиве, Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум, а до крајот на годината, ќе биде промовиран и спотот за „Monsters“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10607 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.