Сезоната на доделување на спортските награди е во тек.
Синоќа, во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје беа наградени најдобрите во кошаркарката за 2019 година од страна на Кошаркарската федерација на Северна Македонија.
Пред почетокот на церемонијата, на сцената настапи Тамара Тодевска, која ја изведе македонската химна.
34-годишната пејачка беше облечена во црна комбинација со кошула со чипка.









Тамара сподели фотографија на која позира со Перо Антиќ, кој моментално ја има функцијата претседател на кошаркарската федерација.
