Кание Вест и Џулија Фокс привлекоа многу погледи уште со првото заедничко појавување на јавен настан.
Парот деновиве е во фокусот на фоторепортерите на најактуелните модни случувања во Париз. 44-годишниот рапер и 31-годишната актерка и модел присуствуваа на машката ревија на Kenzo во фармерски креации. Фокс носеше фармерска јакна од Скијапарели со конуси на градите, а особено впечатлива беше нејзината силна шминка.







На вечерното излегување во Градот на љубовта и светлината, двојката повторно не остана незабележана. Шминката на Фокс и обоените леќи на Вест беа мета на најмногу коментари.





На ревијата за најновата колекција висока мода на Скијапарели, Вест и Фокс беа облечени во кожни аутфити, а тој носеше и маска со која комплетно си го сокриваше лицето.





Кание и Џулија се во врска помалку од еден месец, а бидејќи постојано добиваат медиумско внимание, многумина сметаат дека нивната романса е само ПР стратегија.