Ирина Шајк и Бредли Купер ја ставаат среќата на нивната ќеркичка на прво место.
36-годишната манекенка и 47-годишниот актер се маскираа заедно со малата Леа за Халовин. Славните родители, кои се разделија во 2019 година, го држеа за рака малото девојче додека шетаа низ њујоршките улици.
Ирина избра секси маска и се претвори во пин-ап моделот Бети Пејџ, а Бредли се маскираше во мечка.













Претходно, Ирина и Бредли заедно се фотографираа на забава. Сите нивни заеднички појавувања разгоруваат гласини дека ја обновија врската.