Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Среќна сум што сум жива“: Линда Еванџелиста откри дека двапати во пет години се борела со рак на дојка

„Среќна сум што сум жива“: Линда Еванџелиста откри дека двапати во пет години се борела со рак на дојка

Линда Еванџелиста за првпат се отвори за болно поглавје од нејзиниот живот.

58-годишната манекенка, која во 90-тите години владееше на модните писти, откри дека двапати во 5 години ѝ бил дијагностициран рак на дојка и дека има направено двојна мастектомија. Таа сними фотосесија со Стивен Мејзел и интервју за дигиталното издание на машкото списание WSJ.

Линда Еванџелиста

„Беше прикачено на мојот годишен мамограм. Маргините не беа добри и поради други здравствени фактори, без колебање и бидејќи сакав да оставам сè зад мене, се решив за двојна мастектомија. Мислев дека сум добра и подготвена за животот. Ракот на дојка нема да ме убие“ – рече Линда за моментот на поставување на дијагнозата.

За жал, во јули 2022 година, Линда почувствува грутка на едната града и подоцна ѝ било соопштено дека ракот се вратил.

„Му реков на онкологот да ископа дупка во моите гради. Не сакам да изгледа убаво. Сакам да копаш. Сакам да видам дупка во моите гради кога ќе завршиш. Ме разбираш? Не умирам од ова.“

„Му реков да направи тоа што е потребно за да поминам низ ова. И поминав“ – рече таа.

Линда Еванџелиста

Докторот ѝ рекол на Линда дека иако резултатите се добри, штом ракот еднаш се вратил, постојат шанси тоа пак да се случи. Овој факт е причината што таа е благодарна за секој нов ден што го има на овој свет.

„Знам дека сум со едната нога в гроб, но прославувам. Поминав низ некои ужасни здравствени проблеми. Но, многу сум среќна што сум жива. Сè што сега ќе дојде е бонус“– рекла Линда.

Линда Еванџелиста Линда Еванџелиста

Плашејќи се од папараците кои ја прогонуваат секојпат која ќе се појави некој наслов за неа во медиумите, Еванџелиста тивко се борела со болеста. Таа исчезна од модните списанија кон 2016 година и се врати во нив дури пред околу една година.

„Молчев за тоа. На прсти се броеја луѓето кои знаеја. Си помислив дека можеби еден ден ќе го споделам ова, но не додека минував низ тоа. Не сакав Daily Mail да чекаат пред мојата врата како што прават секојпат кога нешто ќе се случи, пишувајќи: ‘Линда видена за првпат од бла бла бла’“ – рекла таа.

Линда ЕванџелистаСтивен ја фотографирал Еванџелиста за „Вог Италија“ во 1989 година

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25597 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.