Шакира блескаше од среќа на синоќешното доделување на „Latin Grammy Awards“.
46-годишната пејачка со двете синчиња славеше за трите награди кои ги освои во текот на вечерта. Таа победи во посакуваната категорија Најдобра песна за соработката со Bizzarap, а исто така застана на челната позиција во категоријата Најдобра поп песна.
Саша и Милан беа облечени во исти бели стајлинзи и се радуваа за успесите на мајка им.




Шакира го истакна својот сексапил во неколку креации. На црвениот тепих таа позираше во црно-златен фустан од Харис Рид.






За настапот со песната „Acróstico“, славната музичарка се пресоблече во златна креација од Долче и Габана. Оваа песна е отворено писмо за нејзините две деца кои ги има од поранешната врска со Жерар Пике.


Наградата со Bizzarap, Шакира ја подигна во креација од Марија Калкоф.



