Викторија Бекам ја дели само една година до јубилејната 50-та година од нејзиниот живот.
Славната дизајнерка вчера го прослави 49-тиот роденден со сопругот Дејвид и три од нивните четири деца и снаата Никола Пелц. Модната креаторка сподели фотографии од прославата во Мајами на која недостасува само нејзиниот син Ромео, кој е во Лондон.







За да ѝ го честита роденденот на саканата, Дејвид сподели фотографија од нивната младост и напиша: „Среќен роденден на најневеројатната мајка и сопруга, која нè инспирира секој ден. Те сакаме и го заслужуваш најсовршениот ден“.

