Малума е пресреќен што ќе стане татко. Славниот пејач постојано споделува фотографии со својата девојка Сузана Гомез, која е бремена со нивното прво дете, и признава дека со нетрпение го очекува доаѓањето на нивното чедо.
На црвениот тепих на „Latin Grammy Awards“, 29-годишниот музичар ѝ го бакнуваше трудничкото стомаче на саканата додека позираа пред фотографите.
Парот изгледаше елегантно и заљубено.


Сузана носеше виолетова креација, а Малума беше облечен во црн модерен костум и во својот стајлинг додаде виолетови ракавици.












